Тракпадите на нашите лаптопи не се менуваа многу со текот на годините. Воглавно и натаму го прават она што секогаш им беше задача, иако некои модели сега поддржуваат и управување со гестови. Меѓутоа, според патентот што го откри Patently Apple, компанијата би можела да има прилично радикална идеја.
Според патентот, се чини дека Apple можеби бара начини да го отфрли фискното позиционирање на тракпадот. Наместо тоа, Apple всушност би можел да го претвори целиот дел на лаптопот на кој обично се потпрени рацете во тракпад површина. Тоа значи дека корисниците ќе можат да го допрат било кое место под тастатурата и потенцијално да биде регистрирано како допир.
Патентот сугерира дека корисниците ќе можат да ја менуваат положбата на тракпадот, па доколку не ви се допажа да ви стои напред или во средина, можете да го преместите лево или десно во просторот на рачниот зглоб на лаптопот. Ова е прилично радикален потег на Apple и се поставува прашање дали тоа некако би го попречувало начинот на кој корисниците чукаат на тастатурата, освен ако не е вградена технологија за заштита од случаен допир на дланките или рачните зглобови.
Поврзани артикли