Јапонската компанија реагираше и порача дека информациите дека нивната гејминг конзола PlayStation 5 ќе пристигне на пазарот во октомври се неточни.
Датумот на пристигнување на PlayStation 5 и натаму е мистерија, а Sony засега само открива дека конзолата ќе пристигне за време на „празничниот период“ оваа година.
Неодамнешниот оглас за работа во Sony откри детал дека конзолата можеби ќе пристигне во октомври оваа година, но од јапонската компанија веднаш реагираа и порачаа дека станува збор за грешка.
Во реакцијата повторно не беше даден конкретен датум, па така пристигнувањето на PlayStation 5 се очекува најрано во ноември.
Повеќе детали за PlayStation 5 конзолата очекуваме во следните месеци после претставувањето на хардверот. Досега ја добивме воведната анимација за PlayStation 5 ексклузивите, логото и DualSense контролерот.
Sony неодамна во финансискиот извештај наведе дека продукцијата на PlayStation 5 тече според планот, како и развојот на ексклузивните игри кои ќе се појават истиот ден кога ќе биде претставена петтата генерација на популарната конзола.
Извор: Mondo.me
Поврзани артикли