Најновите гласини сугерираат дека Samsung би можел да го претстави Galaxy Note20+ со главна камера од 108MP. Сензорот би бил ексклузивен за големиот Plus модел, додека стандардниот Note20 би имал поинаков сензор на камерата.

Samsung веќе користи 108MP камера сензор за Galaxy S20 Ultra, кој не се покажа баш најдобро во реалноста и покрај импресивните спецификации на хартија.

Моментно не е познато дали јужнокорејската компанија планира да го користи истиот сензор и за Galaxy Note20+ или ќе станува збор за надградена и ажурирана верзија, која не страда од проблемите кои ги има актуелниот 108MP ISOCELL Bright HM1 сензор. Исто така, не е познато дали новиот сензор ќе користи Space Zoom на Note20+ моделот и дали ќе има перископ систем на камери.

Претходните протечени информации сугерираат дека Galaxy Note20+ ќе има 6.87-inčni QHD+ AMOLED дисплеј, со освежување од 120Hz и LTPO поддршка.