Често на нашата веб-страница имате прилика да прочитате најнови вести за актуелните лансирање на ракети – од оние на Space X, NASA, па до пропаднати обиди како што неодамна беше распадот на кинескиот „Долг марш“. Овие вести обично се занимаваат со прашањата кој, кога и зошто лансирал одредено вселенско летало, нивните мисии и последици, но ретко се занимаваме со самата технологија на лансирање.
Развојот на ракети низ повеќе од половина век донесе разни облици, идеи и начини на нивно функционирање. Од класичното отфрлање на еден или повеќе агли, па преку повеќестрано искористливиот Space Shuttle, полека се движи кон целосно повторната употребливост на ракетите, во што моментно предничи SpaceX. Секоја државна или приватна вселенска организација имаат свој поглед на оваа тема, а нивните инженери на различни начини ја остваруваат целта на лансирање товари во орбитата или понатаму.
Споредба во реално време
Токму на оваа тема се појави кратко, но интересно едукативно видео на YouTube каналот Hazegrayart, кој се занимава со ракетната технологија. Видеото е насловено „Кога ракетите би биле проѕирни“, а ја прикажува анимацијата на работа на четирите многу познати ракети, со со целосно поинаков начин на сместување и трошење на горивото и распоредба на степените кои се отфрлаат.
Во видеото паралелно се прикажани лансирањата на ракетата на NASA – Saturn V, пензионираниот Space Shuttle, Falcon Heavy на SpaceX, кој на пример во вселената во лансираше Tesla Roadster и новото решние на NASA за лансирање на големите товари и враќањето на човекот на Месечината, Space Launch System (SLS, кој се уште е во развој).
Сите четири ракети виртуелно се лансирани од Вселенскиот центар „Кенеди“ на Кејп Канаверал, од лансирниот комплекс 39, а може да се следат во реално време од десетина минути, од лансирањето до влез во орбитата. Со сина боја е означен течниот кислород, со портокалова течниот водород, а со црвена керозинот во рамките на самите летала. Уживајте.