Redmi Note 10 ќе биде прв модел во смартфон линијата на брендот со 5G поддршка. TENAA сертификацијата открива дека телефонот има NSA и SA поддршка, како и вообичаениот LTE и постари конекции.
Уредот ќе користи OLED дисплеј од 6,57 инчи, со 1080 x 2400p резолуција. Punch-hole дизајнот е заменет со засек во облик на капка, каде што е сместена 16MP селфи камера. Главната камера на задната страна има 48MP сензор, како кај Redmi Note 9 моделот. Меѓутоа, овој пат на задната страна има вкупно три камери, наместо четири.
Капацитетот на батеријата изнесува 4420mAh, додека полнењето има брзина до 22,5W. Гласините сугерираат дека Redmi Note 10 ќе го покренува MediaTek Dimensity 820 чипсет, со работен такт на големите јадра од 2,6Ghz. Чипсетот ќе овозможи снимање 4K видеа.
Redmi Note 10 ќе биде достапен во неколку конфигурации, почнувајќи од моделот со 6GB RAM и 64GB простор за складирање, до 8GB + 256GB варијанта. Присутен е и microSD слот за проширување.
MediaTek Dimensity 820 чипсетот ќе биде претставен на 18. мај, што сугерира дека Redmi Note 10 би можел да биде објавен недолго потоа.