Безбедносните истражувачи открија нов, напреден малвер кој е способен да ги заобиколи и најсериозните сигурносни мерки.
Во прашање е Ramsay малверот, кој е дизајниран да стигне и на уредите и мрежите кои обично се сметаат отпорни на сите видови напади. Така може да го заобиколи и таканаречениот air-gapping систем, кој го користат големите компании, за виталните мрежи и индивидуални компјутери да ги изолира од другите мрежи и јавниот интернет. Во прашање е сериозна безбедносна мерка, која се користи за чување на чувствителна документација, и други елементи кои е неопходно да се сочуваат од очите на јавноста. Малверот Ramsey може да ја надмине и оваа пречка и така да дојде Word, PDF и ZIP фајловите и другите осетливи информации кои добро се чуваат во изолираните уреди.
Истражувачите открија три верзии на новиот малвер, па се проценува дека првиот Ramsey е направен во септември 2019. година, а другите два во март оваа година. Тоа значи дека напаѓачите константно работат на унапредувања. Една верзија содржи модул за ширење на малверот, а најчесто ги инфицира преносливите простори за складирање, како USB стиковите. Се верува дека на тој начин малверот доаѓа на изолираните мрежи, но се уште не е најјасно како потоа ги презема осетливите податоци, бидејќи се во прашање изолирани системи, па преземањето контрола на далечина не е можно.
Поврзани артикли