Facebook објави дека ја купува GIPHY, популарна онлајн платфрома за креирање и поставување анимирани GIF-oви и кратки видеа. Социјалната мрежа не ја објави вредноста на оваа инвестиција, но одредени извори тврдат дека аквизицијата е извршена за 400 милиони долари.
Купувањето ќе овозможи GIPHY да стане дел од Instagram тимот на Facebook, кој е заслужен за голем дел од сообраќајот на GIPHY сервисот. Сервисот за хостирање GIF-ови го користат многу онлајн платформи, кои на корисниците им овозможуваат да оставаат брзи реакции на содржините. Facebook истакнува дека половина од протокот на GIPHY веќе стигнува од сервисите на компанијата, вклучувајќи ги WhatsApp, Facebook Messenger и Instagram.
Според наводите од соопштението на Facebook, аквизицијата нема да влијае на тоа функционира GIPHY. Оние кои ги користат API услугите и натаму ќе можат тоа да го прават, а исто така сите ќе бидат во можност да ги уфрлаат GiF-овите на сервисот.
Поврзани артикли