Samsung и SK Telecom само што го претставија првиот 5G паметен телефон на светот со Quantum Random Number Generator (QRNG).

Наречен Galaxy A Quantum, уредот нуди прилично пристојни карактеристики на паметен телефон, но QRNG го издвојува од останатите по тоа што некои некои апликации и услуги ги прави многу потепки за хакирање.

Нормалните генератори со случајни броеви се користат за логирање на разните сервиси на паметни телефони, како што се платните платформи и двофакторската автентикација, кои рутински ги напаѓаат хакерите, бидејќи можат да ги заобиколат. Меѓутоа, QRNG чипсетот (најмал на светот со само 2,5 мм х 2,5 мм) наместо тоа користи LED и CMOS сензор на сликата. LED емитува „image noise“, a CMOS сензорот ја бележи неговата квантна случајност, користејќи ги овие непредвидливи обрасци за создавање навистина случајни низи на броеви. Според SK Telecom, не постои технологија која тоа би можела да го хакира, што Galaxy A Quantum го прави еден од најсигурните телефони на пазарот (иако е вредно да се напомене дека чипот – односно SKT IDQ S2Q000 – е дизајниран исклучиво за употреба на SK услугите). Секако, хакерите сакаат предизвик.

Самиот телефон доаѓа со 6,7-инчен Super AMOLED Infinity-O екран со Full HD резолуција и читач на отпечатоци од прсти во екранот. Одзади има четири камери и тоа главна камера од 64 MP, 12 MP ултра-широкоаголна камера, макро камера од пет мегапиксели и сензор на длабочина од пет мегапиксели. Од предната страна е камерата од 32 MP.

Во Кореја во продажба од 22. мај 

Целиот уред го покренува Exynos 980 процесор, има Android 10 со One UI 2.0 и доаѓа со 8GB RAM и 128GB простор за складирање податоци. Освен тоа, нуди цела низа можности на поврзување, вклучувајќи WiFi, GPS, 5G, LTE, Bluetooth 5.0, NFC, USB-C port, microSD картичка и 3,5 милиметарски порт за слушалки. Значи, иако неговиот главен адут сигурно е QRNG чипсетот, самиот уред е сестран и моќен. Ќе биде достапен во црна, сина и сребрена боја, а во Кореја ќе се најде во продажба од 22. мај по цена од околу 530 долари.