Epic Games одлучи на гејмерите да им ја подари Grand Theft Auto 5 видео играта, а навалата по една од најпопуларните игри на денешницата која сите можат да ја преземат бесплатно го сруши Epic Store.

Во гејмерскиот свет како бомба одекна веста дека Epic Games бесплатно ја подарува GTA 5 Premium Edition видео играта, заедно со GTA Online. Промоцијата ќе трае до 21-ви мај, а се што треба да направите за да ја добиете оваа игра бесплатно ќе се обидеме да ви објасниме подолу. Да напоменеме, ова важи само за PC корисниците.

Најпрвин, треба да отворите корисничка сметка. Тоа, секако е бесплатно и можете да го направите на овој ЛИНК. Веднаш потоа, во Settings менито направете автентификација, односно потврда на пријавата во два чекори. Ќе мора на Epic Store да се најавувате со корисничко име и лозинка, но и дополнителна потврда преку испраќање на код по СМС или мејл. Ова можете да го „средите“ во Password & Security, па подолу во Two-Factor Authentication.

GTA V може да ја преземете на овој линк. Оваа култна игра се појави пред повеќе од 20 години.