Проектот за вградување поткожни чипови компанијата „Биохакс“ го почна во Шведска. Дури 3.000 луѓе одлучија на вградување, а поддршка им дале и локалните власти. Сега од компанијата се надеваат на голем пробив на пазарот на ЕУ.
Втора станица за ширење на бизнисот ќе биде Италија. Се чека одобрение од италијанското Министерство за здравство. Кога ќе се добие, се очекува во Милано и во Рим да се пристапи на вградување на околу 2.500 луѓе.
Зошто некој би носел чип вграден под кожата?
Great article on the privacy impact of biochip implants by @laubchad of @euronews @futureofprivacy. https://t.co/6bBvTXLpsJ
— Rob van Eijk (@rvaneijk) May 13, 2020
„Станува збор за иднината, која веќе пристигна. Оваа технологија е за да ни помогне. Тоа е како да имате супермоќ. Нема опасност од нарушување на приватноста и од следење. Нашите чипови немаат GPS и ние не ги следиме клиентите. Јасно ми е оти луѓето се плашат, бидејќи за слична технологија знаат само од холивудските филмови“, вели Швеѓанецот Ерик Ларсен, шеф на тамошната подружница на компанијата.
Како изгледа кога имате вграден чип објаснува шведскиот ИТ-експерт, Мартин Левин, кој веќе три години носи два липа. Ги користи за логирање на компјутер, поставување канцелариски аларм и за отворање на својот профил на Линкедин. Тоа задоволство го чинело само 150 евра.
„Не гледам ништо лошо. Тоа е пасивна технологија што ја контролира сопственикот. Треба да бидете многу близу за податоците да се читаат. Ни вградувањето не е болно. Како да сте имале убод од пчела“, истакнува Левин.
Кои се опасностите од новата технологија објаснува Роб ван Ајк од Европскиот форум за иднината на приватноста.
„Практично, се работи за иста технологија како и кај банкарските картички. И ризиците се исти. Постои можност некој да ви го фати сигналот. Ќе има уште повеќе компликации ако идните верзии ги следат податоците за вашето здравје или други важни приватни информации“, нагласува Ван Ајк.
Од компанијата, пак, велат дек не треба да има страв. Голем пресврт и масовно користење на чиповите очекуваат со развојот на технологијата со која чиповите ќе функционираат како паричници, односно плаќањето ќе им биде главна функција, а чиповите ќе станеле и некој вид мобилен идентитет.
Извор: Informer.rs