Пандемијата коронавирус ги натера научниците да размислуваат надвор од рамките на традицијата, за побрзо да најдат лек за вирусот. Канадските научници можеби се на добра трага да го направат тоа.

Научниците ширум светот забрзано работат на пронаоѓањето вакцина и лек против Ковид-19, што резултирало со интересни предлози.

Дел од научниците се фокусирале на веќе познатите лекови кои што досега биле тестирани во лечењето на некои други болести. Но, дел од нив се фокусирале на тоа што можеме да го наречеме ‘нетрадиционално’.

Откако кинеските доктори објавија дека за лечењето на Ковид-19 користеле како модерна така и традиционална медицина, научниците почнале да ги истражуваат билкитекои што на прв поглед не би ги поврзале со медицината.

Такво истражување направиле француските истражувачикои што откриле дека никотинот може да даде одреден степен на заштита од заразата на коронавирусот, а сега интересно истражување пристигнува од Канада.

Канадските истражувачи се фокусирале на поедини активни супстанци како канабисот кој што може да ја зајакне заштитата на станицата од коронавирусот.

Истражувањето кое што треба да помине преку стручна рецензија, се заснова на претходни студии кои што откриле дека има поволни влијанија на канабисот на лечење артритис, рак, Кронова болест и други болести.

Научниците се убедени дека некои активни состојки од канабисот можат да влијаат на влегувањето на вирусот во станиците на белите дробови во кои подоцна истиот се развива и шири.

Тие развиле посебен вид на канабис кој, како што тврдат, треба да го спречи влегувањето на коронавирусот во човечкото тело.

Коронавирусот, колку што е моментално познато, треба да има помошник преку кој би влегол во станицата на човечкото тело. Според последно објавеното истражување, тој рецептор е ензимот ACE2 кој што се наоѓа во човечкиот организам.

Според канадското истражување, канабиодиолите би ја промениле количината на ACE2 во човечкото тело што човечкиот организам би го направиле помалку подложен на вирусот, и би го намалиле ризикот од инфекција.