Amazon мислеше на сите оние корисници кои немаат претплата за Fire TV уредите, со тоа што ќе додаде бесплатна секција во главното навигациско мени. Ова практично значи дека целата бесплатна содржина ќе биде на едно место, а корисниците многу лесно ќе можат да и пристапуваат.
Amazon со новата опција ќе им го олесни пребарувањето на содржини на сите корисници кои немаат претплата на Fire TV уредите, а сакаат да гледаат бесплатни содржини. Ова секција ќе биде додадена во главната навигациска лента. Ќе бидат овозможени бесплатни содржини од апликациите како што се Pluton TV, Tubi, Crackle, IMDB TV, CW и Amazon News.
Компанијата објави дека добила многу повратни информации во текот на минатата година од корисниците на Fire TV апликациите за нивниот интерес да гледаат бесплатни содржини, но за желбата да можат полесно да ги пронајдат на самата апликација. Amazon поради тоа работеше на имплементација на оваа идеја, и подготвен е на корисниците да им ја понуди Free секцијата на едно место. Најавено е и дека оваа секција ќе биде редовно надградувана со нови содржини.