Прототип на суперсоничен деловен авион од нова генерација ќе биде направен врз база на рускиот ловец МиГ-29, соопшти генералниот директор на Централниот аерохидродинамички институт Кирил Сипало.
„Експерименталниот авион се прави поевтино и полесно врз основа на некој постоечки модел, затоа што главната цел во експериментот е да се провери исправноста на изборот на клучните параметри: аеродинамичниот облик, распоредот, формата и големината на млазниците и другите делови на авионот. Според нашите пресметки и со потребното финансирање, ваков прототип ќе се појави до 2023 година“, рече Сипало во интервју за РИА „Новости“.
МиГ-29 е руски суперсоничен повеќенаменски ловец од четврта генерација. Во својата основна варијанта е авион-едносед со полезен товар од 2180 килограми. Максималната брзина му е 2440 километри на час, а дометот на летот со дополнителни резервоари 2100 километри.
Извор: Russia Beyond
Поврзани артикли