Тим на австралиски научници успешно разви корали во лабораторија, кои се отпорни на повисоки температури на морето, обидувајќи се да се справат со нивното истребување т.н. избелување на коралите како последица на глобалното затоплување.

Нивниот успех беше објавен во списанието Science Advance.

Коралните гребени забрзано умираат во целиот свет во последните години како резултат на избелувањето поврзано со климатските промени и други природни феномени, како и поради човечката активност.

Избелувањето на коралите се јавува кога природна појава, како што е зголемувањето на температурата на водата или закиселувањето, мора да ги оштети микроскопските алги што живеат во коралите, кои им обезбедуваат енергија и им ги даваа живописни бои.

Според научниците, зголемувањето на отпорноста на коралите на топлина би резултирало со намалување на влијанието на затоплувањето на морето врз избелувањето на коралите, што е сè почеста појава што ги придружува климатските промени.