Во организација на НЕОТЕЛ и Гоблин друштвени игри, на 15, 16 и 17 мај (петок, сабота и недела) со почеток од 19 часот, ќе се одржи првиот онлајн турнир во друштвени игри и брзо редење сложувалки.

Целта е на сите љубители на друштвени игри да им се овозможи забава во периодот додека траат препораките за социјална дистанца. Се што им е потребно за да се вклучат е компјутер и интернет врска.

Видео порака од Александар Микиќ:

Турнирот е поделен во 2 категории, друштвени игри и редење на сложувалки. Друштвените игри на турнирот кои ќе се играат на Boardgamearena се Quoridor, Takenoko и Can’t Stop. Натпреварите пак во брзо редење на сложувалки ќе одржат на Jigsawplanet.

Повеќе податоци за турнирите и начинот на пријавување може да пронајдете на веб-страницата на настанот.

За најдобрите во секој од натпреварите ќе има и пригодни награди.

#ОстаниДома #ОстаниЗдрав #ИграјОнлајн #СекојПредСвојКомпјутер