Елон Маск повторно проговори за иднината на вештачката интелигенција, и за улогата која неговата компанија ја има во создавањето услови за симбиоза помеѓу луѓето и машините. Помеѓу останатото откри и дека стартапот Neuralink, во чие основање учествуваше е блиску да ги почне тестирањата на човечките субјекти.
Neuralink уште во јули 2019. година потврди дека е креиран робот кој имплантите за интеракција со компјутероте може да ги интегрира длабоко во човечкиот мозок. Резултатите се добиени врз основа на тестирањата на лабораториските глувци во чии мозоци се имплантирани 1.500 електроди за кои се уште не може со сигурност да се тврди дека би функционирале и на човечкиот мозок. Ако се покаже како функционална, технологијата би требало да послужи за враќање на подвижноста, видот и способноста на говорот и слухот на оние кои ги изгубиле, додека Елон Маск тврди дека поврзувањето на мозоците со компјутерите ќе биде единствен начин да се одржи чекор со развојот на вештачката интелигенција. Така технологијата која е замислена како лек, би можела да послужи како нешто далеку помоќно.
Во тој контекст е најавено дека тестирањето на човечките субјекти се очекува „за помалку од една година“, а имплантите кои се вградуваат мерат четвртина од обемот на човечката коса, и дека во мозочното ткиво ќе се интегрираат со помош на игли, кои ќе помогнат да се избегне оштетувањето на крвните садови на површината на мозокот. Така вградените сензори би требало да фаќаат сигнали од мозокот и да ги испраќаат до приемникот-чип, кој се вградува на горната површина на черепот, а оттаму информациите се пренесуваат безжично до наменетиот уред.