Google објави дека вработените кои работат од дома заради пандемијата од коронавирус ќе можат да продолжат со ваква работа до крајот на годината.
Компанијата соопшти дека ќе ги отвори канцелариите, но ќе им овозможи на вработените флексибилност во начинот на работа.
Оригиналниот план на Google беше да се работи од дома до 1 јуни, но извршниот директор Сундар Пичаи им рече на вработените дека ќе останат дома до крајот на годината.
Тој изјави дека вработените чија работа бара физички престој во канцеларијата ќе се вратат во јуни или јули, но со зголемени мерки на претпазливост.
Google им нареди на вработените да работат од дома на почетокот на март, со цел да го спречат ширењето на коронавирусот.
Веста за продолжување на работата од дома првично беше објавена од Facebook, а претпоставката е дека нема да биде единствена и дека другите технолошки компании ќе го следат примерот на двата гиганти.
Поврзани артикли