Во текот на својата F8 конференција минатата година, Facebook ги најави новите промени во рамките на социјалната мрежа кои се фокусираат на приватноста на корисниците, заедницата и други елемнти. Во март оваа година компанијата претстави нов дизајн за поголем дел од своите корисници, со можност да користат опционално копче за да се префрлат на новиот Facebook изглед.
Сега ова освежено веб искуство конечно им е достапно на сите корисници ширум светот. Редизајнираниот Facebook за веб голем дел од дизајнот позајмува од мобилната верзија, со поедноставена лента за навигација, која нуди подобар пристап до видеото, игрите, групите и продавницата. Facebook исто така тврди дека почетната страница се побрзо ќе се вчитува, додека преминот од страница на страница ќе тече пофлуидно.
Во новата веб верзија на платформата сега е достапен и темниот режим (Dark Mode), кој го намалува заморот на очите при прегледувањето на сајтот во условите на послабо осветлување.
Можно е и креирање на страници, групи, настани, marketplace листинзи и други содржини со едноставен клик на “+” иконата во горното навигациско поле, покрај името на профилот.
Новото веб искуство на Facebook е можно да се покрене со клик на паѓачкото мени во стариот Facebook и со изборот на „Switch to New Facebook“ опцијата.