Tinder објави дека подоцна во текот на година ќе објави голема надградба за својата популарна апликација, и дека тоа ќе бидат видео повиците. Ова е огромна надградба за својата популарна апликација, со оглед на тоа дека Tinder има милиони корисници, и дека видео повиците можат да бидат многу корисни за сите нив.
Сите моментно се прашуваат како Tinder ќе го реши проблемот на вознемирување и злоупотреба кога ќе се воведе видео чет. Се претпоставува дека работат на систем на рано откривање на навредливи слики. Корисниците исто така ќе мораат да ги менуваат своите повици, и дека видео повиците ќе бидат вообичаена работа наместо текстуалните пораки.
Од компанијата ги објавија и статистичките извештаи за претходниот период во текот на пандемијата, за време на кој беше достигнат пораст на користење на апликацијата, и тоа кај жените помлади од 30 години, за вкупно 37 проценти. Бројот на пораки во текот на денот глобално е зголемен за околу 27 одсто. Иако овие броеви покажуваат позитивен раст, забележан е пад на корисниците во однос на февруари, односно времето пред кризата. Како се укинуваат вонредните мерки, така се забележува и пораст на употребата на апликацијата и размената на пораки во сите делови од светот.