Realme пофготвува неколку нови уреди во овој момент, а еден од поинтересните е X3 SuperZoom. Телефонот веќе доби неколку сертификати, а откриено е дека ќе користи Snapdragon 855+ чипсет и 12GB RAM.
Сега новите гласини укажуваат на тоа дека SuperZoom на телефонот ќе оди до 60x и дека зумирањето ќе биде дигитално. Исто така, ова би требало да значи дека уредот ќе има перископ зум камера. Покрај тоа, смартфонот би требало да има и Starry Mode – функција која би требало да овозможи фотографирање на Млечниот пат.
Realme X3 SuperZoom се очекува и со 4200mAh батерија, со поддршка за 30W брзо полнење. Со X3 SuperZoom ќе бидат претставени и стандардните Realme X3, како и X3 Pro.