LG денеска официјално го претстави својот LG паметен телефон наменет за средниот сегмент на пазарот. Една од главните одлики на смартфонот е премиум дизајнот, кој вклучува и двојно закривен преден и заден панел, кој LG го опишува како „флуиден формат“ кој е пријатен за око и за допир.
Предниот дисплеј на телефонот има 6,8-инчен Cinema FullVision OLED панел, со FHD+ резолуција и 20.5:9 однос на страници. Во екранот е сместен и засек со 16MP селфи камера. На задната страна на телефонот се наоѓа единствен „raindrop“ дизајн на тројниот камера систем. Овие камери имаат 48MP главен, 8MP ултраширок и 5MP сензор на длабочина.
LG Velvet го покренува осмојадрениот Snapdragon 765G чипсет, кој има поддршка за 5G мрежи. Тука е и 8GB RAM и 128GB простор за складирање, кој е можно да се прошири преку microSD картичка. Уредот го напојува батерија со капацитет 4300mAh, со поддршка за 30W брзо полнење и 10W безжично полнење.
Телефонот ќе биде достапен во Aurora White, Aurora Gray, Aurora Green и Illusion Sunset варијанти на бои, по цена од околу 735 долари, а ќе дебитира на пазарот во Јужна Кореја.