MSI ги претстави своите нови Codex R 10th гејминг десктоп компјутери, кои се опремени со 10. генерација Intel Core процесори и Nvidia графички картички. Засебниот модел има и Clutch GM11 глувче и Vigor GK30 тастатура.
Со оглед на тоа дека се работи за однапред креирани системи, MSI обезбеди повеќе од една конфигурација. Компанијата посебно излиста две опции: Codex R 10SC-002US и Codex R 10SI-003US.
Codex R 10SC-002US е помоќен од двата модела и опремен е со десеттата генерација на Intel i7-10700F процесори, Nvidia GeForce RTX 2060 GPU и има 16GB DDR4 меморија. Од друга страна, Codex R 10SI-003US го користи Intel Core i5-10400F, Nvidia GeForce GTX 1660 Super и 8GB DDR4 RAM.
Остатокот од карактеристиките на двата десктоп компјутера е идентичен и вклучува WiFi 6 поддршка, брзини до 2.4Gbps, поддршка за RGB осветлување за вентилатори и CPU кулер. Комплетните спецификации можете да ги пронајдете ТУКА.
MSI не ја објави цената и достапноста на Codex R 10th гејминг десктоп компјутерите.