Huawei го претстави MatePad T8 буџетскиот таблет, кој го карактеризира 8-инчен LCD екран, со 1280 x 800p резолуција. На задната страна на уредот се наоѓа 5MP главна камера, додека од предната страна е сместена 2 мегапикселната селфи камера.

Таблет уредот го покренува осмојадрен MTK8768 чипсет, заедно со 2GB RAM и 16GB/32GB простор за складирање податоци (проширлив преку microSD слот). Батеријата е со капацитет 5100mAh. Таблетот го користи Android 10 оперативниот систем EMUI 10.0.1, но без GMS поддршка.

Huawei MatePad T8 пристигнува во сина боја, по цена од 100 евра, а ќе биде достапен во продажба подоцна во текот на овој месец.