Неодамна се појавија извештаи за потенцијална објава на Google Pixel 4A телeфонот на 22. мај. Смартфонот ќе биде наменет за средниот сегмент на пазарот.
Поради тоа, не се очекува дека Pixel 4A ќе користи хардвер од високиот сегмент. Наместо тоа, Google Pixel 4A ќе имплементира осмојадрен Snapdragon 730 чипсет, што го потврди и Geekbench 4.4.2 листата.
Истиот извор открива дека телефонот ќе има 6GB RAM и дека ќе го користи Android 10 оперативен систем од стартот. Кога се во прашање перформансите, Pixel 4A оствари солиден резултат од 2529 поени во single-core и 6366 поени во multi-core тестот.
Покрај карактеристиките, Pixel 4A е прикажан и на неколку CAD рендери, а видлив е punch-hole дизајн од предната страна, како и една камера на задниот дел, заедно со LED блицот. На задната страна ќе се најде и сензорот за отпечаток од прсти.