Бил Дали веќе подолго од деценија работи во компанијата Nvidia на позицијата главен научник, а претходно бил главен на одделението за компјутерски науки на Стенфорд универзитетот. За него велат дека е исклучително паметен човек, кој досега објави повече од 250 научни трудови, а сопственик е и на повеќе од 120 патенти. Впрочем, ова тврдење го докажа уште еднаш, бидејќи успеа да дизајнира респиратор чие производство нема да чини повеќе од 400 долари.
Традиционалните медицински респиратори чинат и над 20.00 долари, а во последните месеци поради зголемената побарувачка, цената многу им се зголеми. Затоа еден ваков проект е исклучително битен, бидејќи овозможува спасување на многу животи, бидејќи во болниците често нема доволно респиратори за сите на кои им се потребни. Досегашните искуства ни кажуваат дека помеѓу 0,3 и 0,6 проценти од заболените од Ковид-19 мораат да се стават на респиратор за да преживеат. Со оглед на тоа дека во светот се заболени повеќе од три и пол милиони луѓе, јасно е дека потребата за респиратори и натаму е голема и тоа овој научник го поттикна да направи сопствен дизајн.
Главната грижа, освен фактот да биде ефикасен, беше и да биде што е можно поевтин, па со самото тоа и подостапен за медицинските установи. Неговиот респиратор е со многу едноставен дизајн и се заснова на два главни дела – пропорционалниот соленоид вентил и микроконтролер кој го регулира протокот на кислород. Интересно е што вентилаторот може лесно да се направи на лице место и составен е од делови, кои лесно може да се купат во специјализираните продсвници, а за неговото монтирање не требаат повеќе од пет минути.
Меѓутоа, овој научник не сака да се задржи на тоа – неговата цел е да дизајнира респиратор кој ќе чини уште помалку, можеби дури само 100 долари.
Поврзани артикли