Гласините сугерираат дека Redmi K30i ќе биде еден од најевтините, ако не и најевтиниот 5G смартфон на пазарот, а веројатно ќе биде достапен и надвор од Кина.
За да ја задржи ниската цена, Redmi мораше да направи некои компромиси, па Redmi K30i веројатно ќе имплементира поевтин 48MP сензор во системот со четири камери, наместо 64 MP сензор, кој го имаат актуелните Redmi K30 телефони.
Овие информации пристигнуваат со системската MIUI Camera апликација, која е наменета за телефонот со име Picasso, што е кодното име за Redmi K30 5G. Бидејќи знаеме дека K30 5G во Кина користи 64MP камера, претпоставка е дека новооткриениот модел ќе биде варијанта на K30i.
Поврзани артикли