Претходно се појавија гласини за тоа дека претстојниот OnePlus Z телефон од средниот сегмент ќе има 5G чипсет од MediaTek од Dimensity 1000 серијата.
Меѓутоа, најновиот твит на дојавувачот @MaxJmb укажува на поинаков развој на ситуацијата. Според неговите сознанија, OnePlus Z најверојатно ќе користи Snapdragon 765 чипсет со 5G поддршка.
Иако најголем број од производителите се одлучуваат за имплементирање на Snapdragon 765 чипсетот во своите модели од готниот среден сегмент, Dimensity 1000 čip оствари повисоки перформанси на различните бенчмарк платформи.
Останува да се види дали OnePlus Z навистина ќе го имплементира чипсетот на Qualcomm и дали ќе биде доволно добар во останатите аспекти за да се натпреварува со сличните модели во оваа категроија, кои исто така пристигнуваат со споменатиот чипсет (Motorola Edge, Nokia 8.3, LG Velvet).
Поврзани артикли