Научници кои работат за војската на САД создале нов тест за ковид-19, кој потенцијално би можел да ги идентификува носителите пред да се заразат и да продолжат да ја шират болеста, пишува агенцијата Танјуг, повикувајќи се на британски Гардијан.
Тоа би можело да биде значителна добивка во борбата против смртоносната болест, а координаторите на проектот се надеваат дека со тестирањето на крв ќе можат да го откријат присуството на вирусот веќе 24 часа по инфицирањето, односно пред луѓето да покажат било какви симптоми и неколку дена пред да може носителот да го прошири вирусот на другите.
Тоа е исто така приближно четири дена порано од тоа што актуелните тестови можат да го направат.
Тестот е производ на проектот кој го основаше американската Воена агенција за паралелни истражувања во областа на одбраната – Дарпа, а кој имаше за цел – брза дијагноза на бактерии или труење од хемикалии во хемиски војни.
Истражувањето беше брзо пренасочено кога изби пандемијата, а се очекува дека новиот тест ќе биде предложен за одобрување за итна употреба од страна на ФДА, американската Управа за храна и лекови во рок од недела дена
Доколку добие одобрение, овој концепт за тестирање ќе го пополни јазот на дијагностицирање, подобрувајќи ја ефикасноста на програмата за тестирање и следење, додека владите ширум светот ги ублажуваат мерките, велат од Дарпа.