Пандемијата на коронавирусот ја промени комуникацијата помеѓу луѓето, така што таа најчесто се одвива виртуелно. Facebook е една од овие алатки за комуницирање, а за да им ја олесни изолацијата на корисниците, воведе нови емотикони. Сега ќе можете да реагирате на објавите со прегратка, но и да испратите ново виолетово срце.
Republicworld објави дека Facebook неодамна најави одредени новитети, кои уште сега им се достапни на многумина по ажурирањето на апликацијата, а во следните денови ќе ги имаат сите.
Give someone a virtual, digital hug with #Facebook new Care reactions on @facebookapp and @Messenger.
Show support during the #COVID19 crisis. pic.twitter.com/bhdfUIoD58
— Jason Sibley (@jasoncreation) April 30, 2020
Се работи за два емотикона, односно две реакции, каде што еден од нив е познатото жолто смајли кое сега пружа и прегратка, а виолетовото пулсирачко срце е наменето за ставање реакции на Messenger додека се допишувате со пријателите,
Facebook постепено почна да воведува емотикони, односно реакции, а иако „like“ и натаму е заштитен знак на Facebook, на корисниците на располагање им се и срце, насмевка, изненадување, тажно и луто смајли.
Поврзани артикли