Google го најави лансирањето на својата бесплатна апликација за видео конференции Google Meet пред пошироката јавност, откако успехот на Zoom ги поттикна Microsoft и Facebook да ги подобрат своите понуди за време на пандемијата од коронавирус.

Оваа платформа за видео конференции во наредните недели постепено ќе биде проширена за пошироката јавност, а условот е поседување на сметка на Google, Gmail.

Google Meet досега беше наменет за професионални корисници, што е околу шест милиони бизниси и организации кои користат G-Suite.

„Ова е несомнено прв пат Google да лансира производ за потрошувачите, кој првично беше наменет исклучиво за компании“, изјави Хавиер Солтаро, шеф на G-Suite, за France Presse, и додавајќи дека “обично се работи на поинаков начин”.

Како и другите платформи за видео повик, користењето на Google Meet експлодираше од март, поради воведувањето на мерките за изолација во борбата против коронавирусот.

Сите компании кои ги поставуваат овие апликации за видео конференции инсистираат на безбедност, но кај Zoom доаѓаше до проблеми кога луѓето од страна се вклучуваа на состаноци на кои не се поканети.

Извор: B92.net