Додека се чека на доаѓањето на шестата сезона од серијата Peaky Blinders, имаме можност во авантурите на Томи и екипата да уживаме преку официјалната Peaky Blinders видео игра.
За оваа игра сместена во 20-те години од минатиот век се зборувало уште минатата година, но сега официјално е претставена со трејлер.
Peaky Blinders: Mastermind е игра на студиото Futurlab, кое соработува со креаторот на серијата Стивен Најт, за сите елементи да бидат што поверодостојни со изворната содржина. Ова е игра со елементи на решавање на загатки, каде од птичја перспектива ќе ги следите 6-те членови на семејството Шелби, од кои секој поседува единствени способности.
Контролата на сите ликови се врши практично истовремено и од играчите се бара внимание во текот на играњето, за да се воспостави соработка меѓу членовите на семејството и способностите кои ги поседуваат за решавање на проблеми и напредок низ приказната.
Играта е креирана во стил кој се однесува на вештото размислување на протагонистот Томи, кој не размислува ниту за минатото, ниту за иднината, туку живее во моментот, што ќе се види во текот на играњето.
Графичкиот стил делува интересно и дополнет е со одлична музика со шмек од времето на периодот на дејствието, за што е заслужен бендот Феверист.
Peaky Blinders: Mastermind ќе стане достапна за купување преку Steam платформите во текот на летото оваа година.
Извор: B92.net