Понудата на квалитетна услуга или производ е само првиот чекор кој една современа компанија треба да го направи за да ја заработи довербата на потрошувачите. За да се истакне вистински во однос на конкуренцијата, потребно е таа да биде широко застапена, адаптибилна на променливите услови и во тек со актуелните трендови. Дигиталното присуство на компанијата на глобалната Интернет мрежа е од исклучително значење за напредокот на бизнисот, а изработката на веб-страница е првиот чекор за остварување на таа цел.

Што е веб хостинг?

Имплементирањето и одржувањето на сопствени сервери чини многу и бара човечки ресурси, затоа повеќето компании решаваат да им се обратат на компаниите кои се провајдери на услугата веб хостинг.

Наједноставно кажано, веб хостинг е услуга со која се изнајмува простор за вашата веб-страница да биде достапна на глобалната Интернет мрежа. Секоја веб-страница е составена од медиjа и текстуални датотеки и бази на податоци, сместени на сервер во дата центарот на провајдерот. кој оптимално чува и работи во Дата центарот на провајдерот на услугата.

Зошто на вашата компанија ѝ е потребен веб хостинг?

Многу луѓе сметаат дека купувањето домен-(име на веб-страницата) е доволно за да се активира веб-страница која ќе биде достапна низ целиот свет. А, всушност, доменот е само адресата преку која интернет корисниците можат да дојдат до страницата. Содржината и податоците потребно е да бидат складирани некаде и тука доаѓаме до веб хостингот – услуга која го овозможува тоа.

Како да одберете компанија која нуди квалитетен веб хостинг?

Кога одбирате компанија која ќе ја реализира услугата веб хостинг треба да внимавате да изберете доверлив и одговорен партнер, за да бидете сигурни дека вашите податоци се добро обезбедени. Користењето на услугата веб хостинг од Македонски Телеком им овозможува на корисниците да ги чуваат податоците во најбезбедниот дата центар, како и: 24-часовна техничка поддршка, безбедностод закани која постојано се надградува и достапност од каде било во светот без никакви ограничувања во појдовниот и дојдовниот сообраќај. Притоа, таа претставува комплетно решение: од регистрација на .mk домеjн (на пр. mojakompanija.com.mk), вклучени e-сандачиња на избраниот домен и централизиран контролен панел за ажурирање и управување на веб-страниците и следење на нивните перформанси. Корисниците на веб хостинг услугата од Телеком можат да одберат пакет соодветен на нивните барања и потреби, а хостинг пакетите се достапни за оперативните системи Windows и Linux, и тоа во три варијации со различни цени: M, L и XL.

Секој бизнис треба да биде поддржан со сигурен и одговорен веб-хостинг сервис. Изборот на вистинскиот провајдер е важен за да ја одржи вашата веб-страница оперативна и достапна 24/7, со квалитетна услуга и брзина на вчитување без ограничувања, така што никогаш нема да пропуштите ниеден потенцијален клиент. Одберете доверлив партнер за дигитализација на вашата компанија, зашто таа треба да се темели на напредна, стабилна и докажана мрежна инфраструктура.