Американската компанија SpaceX направи голем чекор во развојот на новите ракети Starship наменети за патување во длабоката вселена, со успешно изведување на првиот тест.
Ракетата Starship е така дизајнирана да може да транспортира товар и луѓе на Месечината и на Марс, а успешното тестирање во Тексас е чекор напред кон таа цел.
Прототипот на ракетата помина низ тестирање со суперладен притисок и остана цел на лансирната рампа, за разлика од претходните тестирања кога другите примероци беа уништени. Овој успешен тест ја доближува SpaceX до тест лет на мала висина.
Успешно изведениот тест подразбира исполнување на ракетата со исклучително ладен течен азот за да се провери дали може да ги издржи истите температури и притисок што ќе ја чекаат кога се полни со гориво за лансирање. SpaceX претходно изгуби три прототипа во неуспешни тестирања.
Snowing in Texas pic.twitter.com/0LKwIpnoPB
— Elon Musk (@elonmusk) April 27, 2020
Инженерите сега во базата на ракетата ќе го постават моторот Raptor што досега го развиваше SpaceX, а потоа ќе го активираат. Меѓутоа, ракетата ќе биде врзана бидејќи целта е да се провери дали моторот работи како што треба.
Raptor е развиен специјално за Starship, а финалниот дизајн на Starship ќе има шест вакви мотори. Прототипот ќе користи само еден, а наредните по три. Откако успешно ќе завршат тие тестови, Starship ќе се обиде да достигне висина од 150 метри и да се спушти на тлото.
Основачот на SpaceX Елон Маск изјави дека во наредните неколку недели ќе бидат подготвени за следното тестирање, но дека сепак можно е да треба да почекаат малку повеќе за одобрување од Федералната администрација за авијација на САД.
Извор: Klix.ba