Кога на 6. февруари минатата година во вселената бил лансиран автомобилот Tesla Roadster, испишани биле нови страници на историјата.

Сите можеле да видат човек, во бело одело за астронаути, зад волан на автомобил кој крстари во вселената.

Секако, станувало збор за кукла, а во багажот имало гитара, робот и златна плоча. Од звучниците се слушале песни од Дејвид Боуви.

Кабриолетот на Тесла бил лансиран со помош на ракетата “The Falcon Heavy” и досега веројатно минал подолг пат од било кој автомобил во историјата, еднаков вкупно 22 возења околу светот. Моментално се движи со брзина од неколку илјади километри на час, а ако се прашувате каде се наоѓа автомобилот сега, еве одговор.

“Тесла” се движи во елиптично патување околу Сонцето, минувајќи покрај Венера и Меркур. Ако некој од астероидите не го уништи автомобилот, тој би можел да орбитира околу Сонцето уште неколку милиони години.

Сепак, не постои начин на Земјата да се види фасцинантното патување на автомобилот, за да биде виден со помош на телескоп. Тоа ќе биде можно само ако, евентуално, се врати назад кон Земјата.

Научниците од Универзитетот во Торонто веруваат дека кабриолетот ќе орбитира уште неколку децении.

Според проценките, автомобилот во 2091-ва година би можел да мине доволно блиску до Земјата за да биде виден со моќен телескоп, и тоа од Хаваи.

Неговото движење може да се следи на интернет.

Извор: Kurir.rs