Производителот на дронови DJI го најави новиот модел од Mavic Air серијата квадрокоптери. Mavic Air 2 ќе чини 800 долари кога ќе се најде во продажба во САД. Ќе се продава по иста цена како и неговиот претходник, така што останува во доменот на средната класа помеѓу помоќниот Mavic 2 и помалиот и поевтин Mavic Mini.
The Mavic Air 2 и натаму е прилично мал, но малку е „здебелен“. За тоа придонесува и фактот дека сега може да остане во воздух повеќе од половина час, поточно 34 минути, што е голем исчекор во однос на претходната генерација, чија автономија изнесуваше 21 минути летање.
На новиот модел камерата е унапредена и сега доаѓа со сензор од 12 мегапиксели со големина од половина инч. Тука е и новата опција да направи неколку фотографии и потоа да ги спои во една од 48MP. И во видео снимањето дојде до подобрување. Mavic Air 2 сега може да снима 4K видео во 60 фрејма и 120 Mbps, во однос на 30 фрејма на 4K кај минатиот модел. Исто така, тука се и модовите за забавено снимање во Full HD резолуција и 120 fps или 240 fps. Видеото сега е поддржано и со HDR стандард и добивате прилично моќен видео запис за помалку од илјада долари.
Поврзани артикли