Софтверот е дизајниран така што уредите комуницираат меѓусебно, а не преку централен сервер или интернет.
Меѓу работниците кои што работат на пристаништето во Антверпен на почетокот на месец мај ќе започне тестирање на нараквицата која што овозможува утврдување на растојанието помеѓу луѓето кои што ги носат истите и кои што можат да помогнат во почитувањето на донесените мерки за социјално дистанцирање, пренесуваат од „Ројтерс“.
Алката ја развила белгиската компанија „Rombit“. Првата верзија на овие нараквици кои што комуницираат меѓусебно развиена е претходно, а нејзиното тестирање започнало уште пред пандемијата, меѓу работниците на пристаништето.
Во алката е инсталиран нов совтвер кој овозможува да ги предупреди работниците кои што се наоѓаат на одредено растојание, односно кога тие се премногу блиску еден до друг. Тестирањето на новата верзија на нараквицата ќе биде отпочнато на почетокот на наредниот месец.
Од „Rombit“ наведуваат дека оваа нараквица би можела да се користи со цел следење на оние кои што биле во контакт со заразен пациент од коронавирус во текот на изминатите неколку седмици на работа.
Newsflash: Rombit launches the Romware Covid Radius, a smart bracelet to prevent coronavirus infections in the workplace. @PortofAntwerp is the first to use it. https://t.co/ZhOBNzDFbd#physicaldistancing #contacttracing #covid19 #coronavirus pic.twitter.com/DLb4IRuRkI
— Rombit (@Rombit_BE) April 17, 2020
Компаниите во кои што работат тие работници не би можеле да ја откријат нивната локација затоа што совтверот е дизајниран уредите да комуницираат само меѓусебно, а не преку централен сервер или интернет.
Досега компанијата примила околу 500 нарачки од 99 ширум светот. Од компанијата се надеваат дека во текот на наредните неколку седмици ќе произведат околу 25.000 вакви нараквици, а до јуни многу повеќе.
Извор: Telegraf.rs