Популарниот сајт iFixit го објави својот нов обемен тест, кој вклучува расклопување на телефонот, заедно со оценка за степенот на леснотија на поправање, а овој пат во главната улога е iPhone SE (2020) моделот.
Она што се забележува е дека iPhone SE делува како „препакуван“ iPhone 8, со најнов чипсет и некои нови функции на камерата.
Заклучок е дека новиот iPhone SE доби 6/10 за можност за сервисирање (оценката 10 се дава за најлесно поправање). Предноста на уредот е во тоа што има лесен пристап до дисплејот и батеријата, кои претставуваат две компоненти кои најчесто се менуваат.
Покрај тоа, најголем дел од компонентите се од модуларен карактер и се менуваат посебно. Секако, откриено е и дека најголем дел од тие компоненти можат да се менуваат помеѓу iPhone SE и iPhone 8 моделите.
Поблиската инспекција открива дека е одработена само суптилна измена на антените, некои чипови се преместени на логичната табла, но со исклучок на тоа, воглавно тешко е да се прондајдат разлики помеѓу двата модела. Повеќе детали се достапни на официјалната страница на iFixit.
Поврзани артикли