Рускиот вселенски брод „Прогрес“ со повеќе од 2,5 тони товар денеска пристигна на Меѓународната вселенска станица.
„Прогрес“ беше лансиран од космодромот Бајнокур во Казахстан, а на Меѓународната всленска станица пристигна за три часа и 20 минути, со што стана најбрз вселенски брод во историјата на летови кон Станицата, што се наоѓа во ниската орбита на Земјата.
Товарниот брод превезуваше гориво, вода, опрема за научни експерименти, храна, облека и лекови.
На Меѓународната вселенска станица во моментот претстојуваат американскиот астронаут Крис Кесиди и руските космонаути Иван Вагнер и Анатолиј Иванишин.
Меѓународната вселенска станица е редок пример на меѓународна соработка, што не е загрозен од тензиите помеѓу Русија и западните земји.
Поврзани артикли