Компанијата Google најави дека сите огласувачи на нејзината интернет платформа, почнувајќи од ова лето, ќе мора да поминат постапка на верификација пред да купат простор за огласување, за тој дел од своето работење да го направат потранспарентен.
Огласувачите ќе мора да дадат лични податоци и документи за компанијата кои докажуваат кои се, и во која земја работат, најави Google во објавата на својот блог.
Досега, Google бараше проверка на идентитетот само за политички огласувачи кои на неговата платформа објавуваа огласи во изборните кампањи.
Постапката за верификација често се користи за филтрирање на сомнителни огласувачи, како оние кои за време на пандемијата од коронавирус продавале лажни медицински заштитни маски.
Компанијата најави дека ќе започне огласувачите да ги верификува во фази, прво во Соединетите Држави, а потоа ќе продолжи таа практика да ја шири глобално, и дека очекува до завршетокот на процесот ќе бидат потребни неколку години.
Google соопшти дека корисниците ќе можат да видат информации за огласувачите чии огласи се прикажуваат почнувајќи од ова лето.