Од моментот кога Apple го објави iPad Pro So 120Hz Pro Motion дисплеј, многумина се прашуваат кога оваа технологија ќе биде имплементирана и на iPhone. Посебно откако се почесто гледаме дека Android производителите слични функции имплементираат на своите телефони.
Марк Гурман, технолошки аналитичар на Bloomberg, во текот на Periscope сесија истакна дека постои можност iPhone 2020 моделите да имаат 120Hz Pro Motion екрани. Инаку, Гурман е докажано добро поврзан со изворите кои имаат информации за темите поврзани со Apple.
Потребно е да се истакне дека Гурман не потврди дека Pro Motion ќе пристигне на iPhone, но верува дека постои можност тоа да се случи. Тој исто така сугерира дека доколку функцијата пристигне на iPhone, веројатно ќе биде ексклузивна за Pro моделите на iPhone.
Претходно се појавија информации за тоа дека следната генерација на iPhone ќе добие и LiDAR скенер, кој исто така дебитираше на iPad Pro 2020 моделот.