Технолошкиот аналитичар и YouTube блогер Џон Просер, со репутација на доверлив дојавувач на информации врзани со производите на Apple, овој викенд објави нова информација во врска со бежичните слушалки AirPods. Според него, Apple уште на планираниот, но откажан настан требаше, заедно со iPhone SE, да претстави и поевтина верзија на AirPods Pro. Бидејќи таков настан не се одржа, iPhone SE се појави во продажба без претходни најави, што во следниот месец би можело да се повтори и со слушалките.
Новиот додаток на линијата true wireless стерео слушалки AirPods би требало да биде еден вид на AirPods Pro Lite. За овие слушалки во медиумите се шпекулира веќе некое време. Гласините велат дека новиот модел според цената ќе биде сместен помеѓу стандардните AirPods 2 и најновиот AirPods Pro слушалки, односно ќе чинат помеѓу 159 и 249 долари.
New AirPods (which were supposed to be at the March Event) are now ready to go.
Probably alongside the MacBook Pro next month.
— Jon Prosser (@jon_prosser) April 19, 2020
Засега не е познато кои функционалности Apple би можел да ги исфрли од постоечките AirPods Pro, за да ги направи поевтини во Lite варијанта. Една од можностите е дека ќе го задржат истиот облик, но ќе биде исфрлено активното поништување на вревата (Active noise cancellation), што ќе овозможи пониска продажна цена.
Според Просер, новите слушалки веќе се подготвени за лансирање, а се чека само денот кога Apple ќе ги пушти во продажба. Покрај нив, Apple би можел да го објави и долгоочекуваниот 14-инчен MacBook Pro, како замена за досегашниот модел од 13,3 инчи. Доколку продолжат условите на изолација и карантин во САД и во текот на мај, треба да се очекува дека овие производи ќе бидат претставени само на веб-страницата на Apple, преку официјално соопштение.
Поврзани артикли