Моментално цел свет трага по решението на проблемот со пандемијата на коронавирусот, а научници од Германија истражуваат дали тоа се крие на дното на Јадранот.
На морското дно на Јадранот живее златниот сунѓер, а го има по целиот Медитеран, но најмногу на црногорското приморје, а неговата способност да се одбрани од бактерии и вируси, меѓу кои се и RNA вирусите каков што е SARS CoV-2, го проучуваат научници од Бергакадемијата Фрајберг, пренесува црногорски „Primorske novine“, според пишувањата на германскиот „Freie Presse“.
Германските експерти, на црногоскиот Јадран имаат 100 квадрати резервоар во кој одгледуваат и проучуваат златни сунѓери заедно со фармаколозите од Универзитетот во Дрезден.
Тие најмногу се занимаваат со отпорноста на сунѓерите на сите замисливи биолошки предизвикувачи на болеста, како што се бактериите, вирусите…
Професор д-р Херман од Бергакадемијата, објаснува дека сунѓерот не смее да биде премногу ‘пребирлив’, што се однесува до храната, туку да внесува тоа што самата вода му нанесува.
Но, водата му носи и вируси и бактерии кои што тој ги убива без никаков проблем, иако нема имунолошки систем. Дури и кога ќе се повреди, овој сунѓер спречува во неговата отворена рана да продре вирусот или бактеријата, затоа што предизвикува хемиска реакција при која настанува измена на аминокиселините во бромтиросини.
Досега научниците успеале да дефинираат 35 бромтиросини кои што ги уништуваат непознатите тела кои што се обидуваат да продрат во сунѓерот, буквално сите бактерии и вируси.
Покрај тоа, бромтиросинот спречува создавање протеини, и со тоа спречува ширење на RNK вирусите каков што е и Ковид-19.
Германските научници долго време го проучуваат овој механизам, а досега имале oбиди да го користат и во борбата против туморот. Тие веќе објавиле клиничко испитување дека бромтиросинот не е штетен по ќелиите кои што се нападнати од карцином.
Тие исто така успеале супстанцата од сунѓерот да ја претворат во кристална форма која што ја користат за клиничките истражувања.