Фрешис, Мама Органа, Центар Мајка Тереза, Една прави, Фарма без име, Наша добра земја, се шесте македонски социјални бизниси кои добија можност да се претстават во Виена на една од најпрестижните Конференции за социјални иновации и импакт инвестирање во Европа – CEE Impact Day.

Оваа година по седми пат во Виена се одржа Конфенцијата за импакт инвестирање, која има за цел на едно место да ги собере социјалните бизниси кои доаѓаат од земјите од Централна и Источна Европа каде спаѓа и Македонија и потенцијалните импакт инвеститори. На оваа Конференција социјалните бизниси и инвеститорите активно учествуваа во многубројните работилници и сесии кои се во насока на подобрување и зацврстување на екосистемот.

Акцелераторот за социјални претпријатија Social Impact Lab од Скопје, како партнер на Конференцијата и оваа година испрати шест социјални бизниси на кои интензивно се работеше на подобрувањето на нивните капацитети преку програмите кои ги имплементираат во Скопје и во Impact Hub од Виена. Бизнисите се на ниво кое подразбира подготвеност за инвестиција и растење на своите бизниси. Ова претставување е овозможено со поддршка на одделот за техничка поддршка на Европскиот фонд за Југоисточна Европа (EFSE DF), кои веќе една година активно го поддржуваат социјалното претприемништво во Македонија.