Сите знаеме дека нашите најмлади се големи истражувачи, а честопати подоброи од нас се навикнуваат на новите дигитални технологии, кои се менуваат секојдневно. За родителите тоа понекогаш претставува вистински предизвик, затоа што разиграните малечки треба и да ги заштитиме од многуте опасности, кои што се наоѓаат во виртуелниот свет. Загриженоста на родителите исчезнува со Samsung Kids – специјална апликација за паметни телефони и таблети, која нуди прилагоден начин на работа и ја буди детската фантазија и љубопитност. Со помош на само еден допир на траката Брзи функции во Samsung таблетите и смарт телефоните, заедно со вашите најмили отпатувајте во магичниот свет на креативноста!
1. Дружете се со Crocroo и пријателите и дизајнирајте го нивниот дом
Кога ќе ја стартувате Samsung Kids апликацијата, ќе ве пречека лидерот на тимот и голем авантурист, Crocroo, кој ќе ве води низ целиот интерфејс и ќе ви објасни што и каде да допрете на екранот. Crocroo потоа ќе ве запознае со другите членови на неговата виртуелна заедница, а тоа се сликарот Bobby, музичарката Lisa и симпатичната мрзливка Cooki,која обожава да готви. Заедно помогнете му на Crocroo да дизајнира дом за него и неговите пријатели и да им помогнете во секојдневните задачи на апликацијата Crocroo’s Village of Friends.
2. Научете критички да размислувате и да програмирате
Crocroo не е само лидер, туку е и голем авантурист! Со апликацијата Crocroo Adventure, можете да го набљудувате решавањето на задачи и проблеми, како и развивањето на вештини за критичко размислување кај вашето дете. За прв пат со апликацијата, детето може да се запознае со поимот програмирање, каде со помош на блок-кодирање, детето (но и родителите!) можат да се запознаат со основните концепти на ИТ.Исто така, достапни се и дополнителни игри и предизвици, кои што вашето дете ќе може да ги презема самостојно, заради прилагодениот интерфејс на Galaxy Store.
3. Тестирајте различни инструменти
И вие и вашето дете сакате да пеете и да танцувате? Не грижете се, главнот музички уметник Lisa е тука за вас. Со апликацијата Magic Voice,можете да се снимате заедно и да ги претворате вашите гласови како да зборуваат виртуелните пријатели од Samsung Kids апликацијата. Покрај тоа, овде е и магичниот бенд наLisa, кој ви овозможува да снимате и да пеете песни, како и да пробате различни инструменти. Се разбира, немојте да заборавите да направите и заедничка фотографија од вашиот бенд со специјални визуелни ефекти во прилагодената апликација на камерата.
4. Бидете дигитален уметник
Покрај учењето и музиката, уметничката душа од групата, Bobby,се погрижи да ја сподели својата страст за создавање на уметнички дела на различни платна. Во апликацијата My Art Studio, може да се цртат и дизајнираат налепници заедно со Bobby, а за вистинските уметници има цртање во песок или во вселената, како и бројни боенки во играта Платното на Bobby.
5. Развијте здрави дигитални навики
Користејќи ги напредните опции за родители, можно е да се ограничи времето на децата поминато пред паметните телефони и таблетите, за да им се развиваат здравите дигитални навики со заеднички сили во семејството. Родители, не грижете се – дури и најљубопитните малечки ќе бидат запрени со специјалната PIN лозинка при обид да ги променат поставките. Покрај тоа, родителите може да ги дефинираат и телефонските контакти до кои детето ќе има пристап.
На крајот од играта, родителите имаат пристап до детални извештаи, кои даваат увид за времето на користење, најчесто употребуваните апликации, честите телефонски повици, па дури и креативните дела на вашето дете во текот на играта и креирањето.
Затоа, заедно со вашите деца запловете во авантуристичкиот, дигитален свет полн со нови знаења, кој е безбеден за вашите најмили! Инсталирањето на паметните телефони и на таблетите на Samsung е многу едноставно, а со помош на интерактивниот интерфејс и со родителските ограничувања, вашето дете може безбедно да го користи уредот, дури и ако вие како родители не можете да се придружите на виртуелната забава за целото семејство.
Поврзани артикли