Canon објави нови детали за својот претстоен EOS R5 фотоапарат, а новите информации се фокусираат на можностите на снимање видео со помош на уредот.
Кога е во прашање 8K видео, EOS R5 ќе има поддршка за 8K RAW интерно видео до 29.97fps. Оние кои не сакаат да снимаат во RAW формат, можно е снимање од 29.97fps и во 4:2:2 10-bit Canon Log или 4:2:2 10-bit HDR PQ (двата H.265) формат.
Оние кои се заинтерсирани за 4K, со EOS R5 можат да снимаат 4K интерно видео до 119.88fps во 4:2:2 10-bit Canon Log или 4:2:2 10-bit HDR PQ. Или можат да се одлучат за екстерно снимање до 59.94fps.
Canon потврди дека нема да има кропирање ни во 4K, ни во 8К мод, и дека камерата ќе користи целосна ширина на сензорот. На корисниците ќе им биде достапен и пристап во Canon Dual Pixel CMOS автофокус во 8K и 4K режими.
На крајот, EOS R5 ќе има двоен слот за картички, со поддршка за CFexpress и SD UHS-II. Засега се уште нема конкретен датум на објава на Canon EOS R5 фотоапаратот.
Поврзани артикли