Руската компанија „НТИ Аутонет“ направи робот за дезинфекција на простории.
Роботот може да ги дезинфицира просториите самостојно или управуван од далечина, поради што неговата употреба ќе биде од големо значење во текот на пандемијата, велат од компанијата.
Овој метод на дезинфекција е значително полесен од вообичаеното и гарантира заштита на животот и здравјето на лицата вклучени во процесот.
Роботот е создаден со надградба на роботот од серијата „Џуниор“, развиен од „Аурора Роботикс“, а во неговиот развој се инвестирани околу десет милиони рубли, или 135.000 американски долари, соопштија од „НТИ Аутонет“.
Роботот може да носи товар од 50 килограми, што овозможува да се постави резервоар со средство за дезинфекција и работи околу два часа со едно полнење на батеријата