Актуелната ситуација со Ковид-19 присили голем број луѓе да останат дома, што доведе до тоа групните аудио повици, па дури и групните видео повици, да станат исклучително популарен начин на комуницирање. Апликациите, како што Google Duo, веќе го зголемија максималниот број учесници во видео повик за 50 проценти, а се чини дека WhatsApp планира да имплементира нешто слично.
Кодовите откриени во најновата верзија на бета објавата за WhatsApp, покажуваат дека сервисот подготвува во скора иднина да го зголеми максималниот број учесници во групен или аудио повик. Мометно има лимит од четири улесници, што е значително помалку од она што го нудат некои конкурентски сервиси.
Судејќи според се, сите кои учествуваат во разговорот ќе мораат да ја имаат најновата верзија на WhatsApp за да може да биде овозможен максимален број на учесници во разговорот. Се уште не е познато кој максимален број на корисници ќе биде овозможен.