TikTok апликацијата од сега ќе има ново правило кое рестриктивно се однесува кон популацијата помлада од 16 години. Ова практично значи дека нема да им биде дозволено испраќање, ниту примање пораки на сите корисници кои се регистрирани со возраст помала од 16 години.
Ваквото правило на ограничување на комуницирањето не се појавуваше досега. TikTok е прва платформа која воведува блокирање на приватно испраќање пораки на глобално ниво. Ниту една друга социјална мрежа нема такви правила засега. Причината поради која се одлучија на ваков чекор е истражувањето, кое покажа дека 13 проценти од вкупниот број на корисници на оваа социјална мрежа всушност е популација од 12-15 години.
Факт е дека ваквото правило нема да ги спречи децата да испраќаат пораки, бидејќи многу лесно можат да лажат за своите години на мрежата. Досега корисниците можеа да испраќаат пораки само кога двата профила се следат еден со друг. Промената во испраќањето и примањето пораки значи дека ни во овој случај, кога двата профила се следат, нема да можат да испраќаат, ниту да примаат пораки, доколку еден од нив е помлад од 16 години. Секако, останува можноста јавно да се објавуваат и коментираат видео снимките. TikTok најавува дека сите погодени корисници ќе добијат известување до 30 април, и дека тогаш ќе го загубат пристапот до директните пораки.