Huawei Nova 7 SE ќе биде најевтиниот телефон во претстојната линија на кинеската компанија, која ќе биде претставена на 23. април. Nova 7 серијата пристигнува со три различни процесори, а сите ќе имаат 5G поддршка. Nova 7 SE би требало да користи Kirin 820 чипсет, Nova 7 ќе го има Kirin 985, додека Pro моделот ќе има Kirin 990 процесор.

Nova 7 SE сега се појави во видео, кое ја открива punch-hole камерата на телефонот и главните спецификации. Тука се и фотографии во живо, кои исто така ги потврдуваат карактеристиките на уредот.

Телефонот е прикажан во четири опции на бои, вклучувајќи црна, зелена, бела и виолетова со градиент дизајни. Од предната страна е видлив punch-hole отвор за селфи камера, додека на задната страна се наоѓа систем со четири камери.

Видеото открива дека Nova 7 SE ќе биде достапен во две варијанти на меморија и простор за складирање, со 8GB + 128GB и 8GB + 256GB, а тука е и Kirin 820 5G чипсет. Батеријата има капацитет од 4000mAh со поддршка за 40W брзо полнење. Дисплејот од 6,5-инчи е LCD, додека сензорот за отпечатоци од прсти е сместен од бочната страна.