Гласините сугерираа дека Xiaomi го подготвува Mi Note 10 Lite смартфонот, кој е опремен со вкупно пет камери, од кои главниот сензор ќе има 64MP. Дојавувач од Кина сега истакнува дека Mi Note 10 Lite ќе биде претставен во мај.
Претстојниот телефон на Xiaomi, со број на модел M2002F4LG, неодамна е сертификуван во Тајланд. Листингот открива дека уредот ќе пристигне на пазарот како Xiaomi Mi Note 10 Lite, а истиот модел потоа се најде и на FCC сертификација.
FCC сертификат суигерира деа Mi Note 10 Lite ќе има 6.47-инчен AMOLED дисплеј со Full HD+ резолуција. Покрај тоа, се очекува дека ќе има имплементиран сензор за отпечатоци од прсти во екранот.
Телефонот ќе го покренува Snapdragon 730G чипсет, во комбинација со 6GB RAM и 128GB простор за складирање. Батеријата би можела да има капацитет од 5260mAh, со поддршка за 30W брзо полнење. Оперативниот систем е MIUI 11 со Android 10.
Кога се во прашање камерите, гласините сугерираат дека Xiaomi Mi Note 10 Lite ќе има 64MP главна камера, 5MP, 2MP и два 8MP сензори. Предната камера би можела да има 16MP сензор.